ФЕД ја задржа референтната каматна стапка во опсег од 5 до 5,25 отсто

од Stefanija Kuzmanovska

Американската централна банка ФЕД одлучи да ја задржи референтната каматна стапка во опсег од 5 до 5,25 отсто.

ФЕД ја задржа можноста во иднина да ја зголеми каматната стапка доколку се појават ризици кои би можеле да ја загрозат главната цел на банката – намалување на инфлацијата на ниво од два отсто.

Во соопштението, објавено на веб-страницата на ФЕД, се наведува дека економската активност во САД продолжува да расте со скромно темпо, а истовремено е забележан и пораст на бројот на нови работни места, а стапката на невработеност остана ниска.

Слични содржини