Федералната служба за безбедност: Четири милиони Руси ја напуштија земјата од почетокот на годината

од Stefanija Kuzmanovska

Речиси четири милиони Руси ја напуштиле земјата во првите три месеци од 2022 година, според официјалната статистика објавена од Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), пренесува „Гардијан“.

Според овие податоци, во периодот од јануари до март годинава отпатувале вкупно 3.880.679 руски државјани, а не е познато колку од нив оттогаш се вратиле во татковината, пишува британскиот весник.

Бројот пристигнувања на Русите во поранешните советски републики значително се зголеми по руската инвазија на Украина на 24 февруари, а на оние кои ја напуштија земјата за да се спротивстават на војната им се придружија и други поради страв од гласините за затворање на границите, вонредна состојба и масовна мобилизација.

Слични содржини