Федерер е највлијателниот човек во светот на тенисот

од Vladimir Zorba

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е прогласен за највлијателниот човек во светот на тенисот, додека моментално првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, е рангиран на третото место, според истражувањето на реномираниот француски весник „Екип“.

Помеѓу Србинот и Швајцарецот е Американката Серена Вилијамс, а по нив следи Рафаел Надал.

На списокот се наоѓаат службени лица на АТП и ВТА, агенти и поранешни асови.

По нив следуваат Крег Тили, Били Џин Кинг, тениските агенти, Андреа Гендузи, Стив Сајмон, Стејси Алестер, Сали Болтон, Арнад Боц, Бернард Гудичели, Енди Мареј, Патрик Муратоглу, Дарен Кејхил, Џон Мекинро, Лери Елисон, Џон Тиријак и Ноа Рубин.

Интересно е што на оваа листа немаше место за еден од најдобрите и највлијателните во историјата како Андре Агаси, Штефи Граф, Мартина Навратилова, Венус Вилијамс итн.

Слични содржини