Фејсбук повторно ќе дозволи споделување на вести преку својата платформа во Австралија

од Stefanija Kuzmanovska

Австралиската влада денес објави дека „Фејсбук“ прифатил да ја укине забраната за споделување вести на својата платформа во таа земја откако беше постигнат договор за закон според кој дигиталните гиганти ќе плаќаат за информативните содржини.

Министерот за финансии Jош Фрајденберг и „Фејсбук“ во одделни изјави потврдија дека постигнале договор за измени во предложениот закон, според кој на „Фејсбук“ и „Гугл“ ќе им биде платено за вестите објавени на нивните мрежи.

„Фејсбук“ го блокираше пристапот и споделувањето вести на австралиските корисници минатата недела кога Претставничкиот дом во Австралија усвои предлог-закон за плаќање на таа содржина. Горниот дом на австралискиот парламент, Сенатот, треба да го разгледа законот денес.

„Фејсбук ја извести владата дека има намера да ги врати страниците на вестите во Австралија во наредните денови“, се вели во изјавата на австралиските министри за финансии и комуникации.

Слични содржини