Фергусон го пропушта Европското првенство

од Симе Стоиков

Шкотскиот репрезентативец Луис Фергусон поради повреда ќе го пропушти Европското првенство во Германија годинава.

Играчот од средниот ред на Болоња ги повреди вкрстените лигаменти на натпреварот против Монца во Серија А и наскоро ќе биде опериран.

Првите прогнози велат дека тој ќе мора да отсуствува од терените најмалку шест месеци.

Неговата повреда доаѓа во незгодно време кога Болоња се бори за историско место во Лигата на шампионите бидејќи моментално се наоѓа на четвртото место во Серија А.

Фергусон пристигна во Болоња во 2022 година од Абердин. Досега има одиграно 12 натпревари за Шкотска.

Слични содржини