ФФМ по тепачката: Службена победа за ФК Шкендија и суспензија на стадионот на ФК Шкупи

од Destan Jonuzi

На вонредна седница по повод инцидентот на денешниот натпревар Шкупи – Шкендија од 1/4 финалето од Купот на Македонија, Комисијата за натпреварување на ФФМ донесе одлука тимот на ФК Шкендија, службено со 3:0 да го добие натпреварот со ФК Шкупи.

Теренот на ФК Шкупи, стадионот во Чаир, се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари. ФК Шкупи се предава на Дисциплинска комисија на ФФМ.

ФК Шкупи мора да пријави терен за одигрување на натпреварите како домаќин најмалку 100 километри оддалечен од стадионот Чаир во Скопје.

Слични содржини