Непосредно пред почетокот на втората сезона на Х Фактор Адриа, поранешните учесници се повеќе од огорчени и не штедат на лоши зборови за шоуто.  Фифи, потоа Илма, а сега на ред дојде и малиот Харис Ќато, кој со голем бес го прими тоа што сите видеа од првата сезона  се избришани од Јутјуб.

transeksualecot-fifi-go-voodusevi-zirito-na-x-factor-01-620x360c

Фифи (или Филип Јаневски) која лани настапуваше во шоуто Х Фактор, со многу револт и згаденост го коментира натпреварувањето и сето она што таа и останатите натпреварувачи го доживеале лани како учесници на ова екстра популарно шоу.Еве што вели Фифи на својот Фејсбук профил:

Бидејќи мислам дека никој од кандидатите кои бевме на минатогодишната сезона на Х Фактор не проговорил јавно што всушност таму се случуваше и како не тераа пред камери и на интервјуа да се правиме дека се е во ред, еве јас не се плашам и ќе кажам.
Епа вака…
Мене лично ме ставија во бендови (ме дискриминираа) бидејќи продукцијата не знаела дали да ме стави во машки или женски изведувачи (од самиот старт знаев какво ќе биде ова шоу, бидејќи јас јавно се изјаснив дека сум транс жена и се знае каде требаше да бидам, и искрено затоа и престанав да се понашам професионално и да давам се од себе, бидејќи професионалци таму немаше.)
До Шимановци секој ден не носеа на проба со раскантан стар смрдлив автобус полн со прашина. Секое сабајле ќе станевме во 7 и кога ќе стигневме таму чекавме барем четири часови додека да пробаме на сцена. Не оставаа без храна, тоа што јадевме претежно беше храна која ја праќаа родителите на некои од учесниците, god bless родителите на Доктори. Не носеа од хостел во хостел , нема ни да коментирам како живеевме, особено бендовите бидејќи веројатно ги сметаат за понизок ранг, не знам зошто.
Си играа со гласовите, враќаа во шоуто кого они сакаат и исфрлаа кого они сакаат така да кога сте гласале џабе сте гласале! Кога ме исфрлија мене од шоуто ме исфрлија со 2 пати повеќе гласови од публика отколку што имаше Александра Секулиќ со која јас и Маринела се најдовме во дуел. Ин еар-от кога пеевме на сцена речиси никогаш не работеше и неизбежно беше да се фалшира, не се слушаш што пееш човече!
На концертот во Скопје кога наполнивме цела сала, ни платија по 100€!
За гардеробата која ни ја даваа и не облакаа во неа што да ви кажам?! Знаете и самите… Вечерта пред да испаднам од што беа ‘професионални’ оние кои не облекуваа и беа премногу ‘културни’ јас дојдов до ситуација 5 минути пред да настапам да ме навредува и да се степам со една кокошка која работеше како ‘стилист’. Оди па пеј убаво брате! Има уште многу…
Но, мислам дека и ова е доволно. Поздрав до сите и единствено добро од тоа шоу е што среќа ни ги нема договорите и запознав прекрасни луѓе со кои делиме исти соништа и некаде во светов вредат МИЛИОНИ!

Haris-Cato-X-Factor1-650x448

 

На продукцијата Х Фактор срдечно и заблагодарувам за бришењето на сите снимки од Јутјуб. Ако, добри пари заработивте на нас, ни ветивте ѕвезди, песни, спотови и се останато што ние никогаш не го добивме. А мислам дека сега дојде време вистината да излезе на виделина. Продукцијата Х Фактор така добро не искористи нас учесниците, што ние не сме ни свесни за тоа. Само еден пример е „турнејата“ која ни беше ветена, па на крај беше само Скопје. Од НАШАТА заработка на концертот во Скопје добивме еден мал процент од типот на 0,1%. Никогаш немам доживеано поголема гадост во животот од ова. Толку многу имам да кажам, а толку малку нерви… ФУЈ, ФУЈ, ФУЈ, ФУЈ, ФУЈ… Да даде Господ да ви изгори студиото, напиша тој на Фејсбук.

Слични содржини