Филипче: Единствената заболена од Ковид-19 е негативна на вирусот, ќе тестира и вторпат за да се осигураме

од Aleksandar Todeski
304 прегледи

Во текот на изминатото деноноќие, по оние два случаи, немаше нови тестирања на Клиниката за инфективни болести. Состојбата на пациентката е стабилна, нејзиниот тест е негативен, но за тоа да се потврди треба да поминат 24 до 48 часа. Ако и контролниот тест е негативен, таа повеќе не е инфективна, не може да ја пренесе болеста, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

„Двајцата странци кои вчера се тестираа се негативни. Прегледани се по тестовите и испуштени се од Клиниката за инфективни болести по дадената соодветна терапија. Од вчера попладне, со помош на мобилните оператори во земјава, сите странци кои доаѓаат во земјава добиваат текстуална СМС порака во која стои дека ако почуствуваат некакви симптоми за време на престојот, да се јават на телефонските бореви на Институтот за јавно здравје, што е дополнителна мерка со информации како на флаерот што го добиваат на граничните премини“, рече Филипче.

Министерот посочи дека сите луѓе кои се во изолација се здрави, односно ниту еден од нив не се пожалил дека има било какви симптоми. Тој кажа дека секој втор ден овие лица се посетувани од страна на инфектолози, додека пак дека кога ќе помине четиринаесетиот ден, ќе се одлучи дали и кој од нив ќе биде тестиран дали е заразен на коронавирусот.

Слични содржини