Филипче: Ќе побарам смена на директорот на Центарот за јавно здравје, Зибери

од Берта Китинска

Во врска со изјавата на Арбен Зибери, директорот на Центарот за јавно здравје кој  ги повикува иселениците да дојдат и да гласаат за Албанец премиер,  министерот за здравство Венко Филипче изјави дека директорот ќе биде сменете.

-Ја прочитав изјавата, прво да појаснам дека Зибери не  е член на Комисијата за заразни болести, ова е некоја предизборна реторика која е ефтина и лоша сметам дека со вакви изјави директорот нема  ништо да добие, ваква изјава не доликува на доктор водено и директор на институција.Јас уште денеска ќе се консултирам со правниците и доколку во овој период може директорот ќе биде сменет, изјави Филипче.

Слични содржини