Филипче: Мерките не се за луѓе да се собираат во кафани, можно е целосна забрана

од Aleksandar Todeski
237 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче, во интервју за НоваТВ вели дека масовните собири се забранети, без разлика дали се верски или било какви други собири.

„Некои мерки ги дополнивме и адаптиравме, но будно ја следиме ситуацијата. Доколку и покрај мерки, кои не се за луѓето да се групираат надвор и по кафаните, не се почиува, ќе се разгледа и целосна забрана. Има епидемиолошка причина зошто се забрануваат одредени работи. Правиме проценка, денешната одлука за Дебар и Центар Жупа се донесе за период од 30 дена“, рече Филипче.

Тој посочи дека има сериозна резерва на тестови, но сега ги надополнуваат.

„Нема потреба да се тестира човек кој не бил во контакт со некој од странство или луѓе кои се веќе заболени, тогаш очигледно станува збор за некој со сезонски грип. Ако станува збор за некои кои биле во контакт со некој кој бил во северна Италија, тогаш проверуваме. Ние немаме автохтоно жариште, нема потреба да доаѓа некој кој се сомнева дека има коронавирус, а не бил во контакт со некој кој бил во ризичните подрачја. Има само два случаи во Италија кои не биле во контакт со некој кој бил заразен, а го добиле коронавирусот, но се истражува како дошло до тоа“, вели Филипче.

Според него, првата група на пациенти се оние кои се заразија во други земји и дошле во земјата. Се проверува дали некој доаѓа од ризичните подрачја или имал контакт со некој кој бил во ризичните подрачја, па потоа се одлучува за тестирање.

„Лицата вратени од било која од земјите кои се вратени од високо или средноризичните земји пред седум дена, мора да се во домашна изолација, мора да поминат 14 дена. Може да имале контакт со заболено лице непосредно пред да си дојдат, па тестот да биде лажно негативен. Ако за време на периодот или после периодот развие симптоми, тогаш ќе се тестира“, истакна Филипче.

Слични содржини