Филипче: Во моментов имаме 8 респираторни машини, идната недела ќе стигнат уште 50 нови

од Aleksandar Todeski
726 прегледи

Сите пациенти се со лесна клиничка слика, освен една која има влошување изминатите два дена, но се уште може да дише. Се работи за повозрасна жена и спаѓа во критичната категорија, вели во интервју на НоваТВ министерот за здравство, Венко Филипче.

„Се уште не и треба механичка вентилација, но може тоа да се случи. Имаме осум респираторни машини кои се на располагање за пациентите. До сега, историски гледано наназад, тука се приклучени граѓани кои имале компликации од сезонскиот гирп. Добивме задолжение од владата за дополнителна опрема. Идната недела треба да пристигнат 50 вентилатори, а можеме да набавиме уште 50 ако биде потребно. Има ескепрти кои може да раководат со тие машини“, рече Филипче.

Контактирани се и 7-8 пензионирани инфектолози, а дел од нив се пензионирани пред брзо време. Министерот вели дека тоа се доктори кои се волни да се приклучат во целата работа.

„Тешко е да се предвиди, иако фазите се знаат, фаза на откривање, дијагностицирање, потоа фазата на пикот, па опаѓање. Она што е многу битно е што и во Кина и во регионот на северна Италија, радикалните мерки покажаа дека бројот на заболени опаѓа. Затоа одлучивме такви мерки да се направат сега, кога нема голем број на пациенти, за да се превенира вирусот“, истакна Филипче

Слични содржини