Финалето на оваа серија прогласено за најдобро во последниве 20 години

Последната епизода на култниот ситком „Пријатели“ е прогласена за најдобро ТВ финале во последните 20 години. Оваа информација и не е некое изненадување со оглед на тоа дека во САД финалето го гледале дури 52,5 милиони луѓе, поради што стана еден од најгледаните завршетоци во историјата на телевизијата.

Емотивниот финиш не го ознаци само крајот на серијата туку и крај на безгрижноста и позитивното лудило кое го донесоа деведесетите и Пријатели.

Без оглед на тоа дали сте или не сте обожавател на серијаа, лесно е да се разбере зошто финалето доби толкав висок статус.

По десет сезони во последната епизода, секој оди на своја страна, Моника и Чендлер одат да живеат во предградие со близнавците, Џои заминува во потрага по актерска кариера, Фиби го продолжува животот со Мајк, а Рејчел и Рос конечно завршуваат заедно. Крајот на серијата симболично е прикажат и со иселувањето од иконскиот стан на Моника и Рејчел во кој остануваат само празни ѕидови.

„Океј, ќе пиеме ли кафе?“, прашува Рејчел на излегување, а Чендлер на тоа се шегува со прашањето „каде одиме“, иако сите знаат дека последното кафе ќе го испијат во култниот Central Park.

Слични содржини