Финансискиот стрес е НАЈЛОШИОТ за современиот човек

од Vladimir Zorba

Финансискиот стрес е најлошото нешто што може да му се случи на современиот маж, покажа британско научно истражување.

Истражувањето на 5.000 возрасни на возраст од 50 и повеќе години покажало дека меѓу испитуваните стресни фактори, како што се тешка загуба, инвалидитет, болест и развод, финансискиот стрес се издвојува како најштетен.

Научниците од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) и Кингс Универзитетот ја истражувале врската помеѓу хроничниот стрес и здравствените индикатори кај постарите групи на население.

Испитувајќи четири биомаркери: кортизол, Ц-реактивен протеин, фибриноген и инсулин фактор на раст-1, студијата покажа дека испитаниците кои биле „погодени“ од финансиски проблеми имале речиси 60 проценти шанси за „здравствени профили со висок ризик“ во рок од четири години.

Секој следен стресен фактор, како што е разводот, ја зголемува таа веројатност за дури 19 проценти.

„Откривме дека финансискиот стрес е најштетен за биолошкото здравје, иако потребни се повеќе истражувања за да се утврди ова дефинитивно“, вели епидемиологот на UCL, Одеса Хамилтон.

Ова е можно бидејќи оваа форма на стрес може да влијае на многу аспекти од нашите животи.

Финансискиот стрес најмногу му штети на биолошкото здравје, истакнуваат експертите. Неговото инвазивно влијание врз различни аспекти од животот потенцијално води до семејни конфликти, социјална исклученост, глад или бездомништво.

Резултатите беа објавени во списанието Brain, Behavior, and Immunity.

Слични содржини