Финската премиерка: Војната во Украина покажува дека Европа премногу се потпира на САД

од Stefanija Kuzmanovska

Руската инвазија на Украина покажа дека Европа премногу се потпира на САД за својата безбедност, изјави денеска финската премиерка Сана Марин.

Во Сиднеј, Марин се залагаше за зајакнување на европските одбранбени капацитети, вклучително и производство на оружје.

„Морам да бидам целосно искрена со вас, Европа во моментов не е доволно силна. Без Соединетите Држави, би биле во неволја“, рече Марин во Институтот Lowy.

Таа додаде дека разговарала со многу американски политичари кои рекле дека мислат дека Европа треба да биде посилна.

„САД даваат многу оружје, многу финансиска помош, многу хуманитарна помош за Украина, а Европа сè уште не е доволно силна“, рече таа и додаде:

„Мораме да се погрижиме да ги изградиме тие капацитети кога станува збор за европската одбрана, европската одбранбена индустрија“.

Во неодамнешниот говор во Хелсинки, Марин рече дека Европа во моментов е премногу зависна од кинеската технологија и треба да инвестира повеќе во области како што се вештачката интелигенција и квантните компјутери.

Слични содржини