ФИТР објави нов повик „Стартап херои”

од Andreja Salpe

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Коста Петров, денеска го објави новиот јавен повик „Стартап херои” кој, како што посочи на прес-конференцијата, дава можност малите стартап претпријатија кои веќе имаат развиен прототип на иновативен производ да реализираат активности со кои ќе го подготват својот производ за успешен влез во малопродажба. „Стартап херои” се спроведува во соработка со Тинекс, како и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка и ФД Фактор траст.

„Стартап херои”, информира Петров, е наменет за сите стартап компании кои имаат иновативен производ и ги исполнуваат претходно дефинираните услови од јавниот повик. Целосната листа на услови е достапна на официјалната веб-страница на ФИТР.

– Некои од условите за да аплицирате се да сте ново основано трговско друштво, основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на РСМ. Од моментот на основање на трговското друштво, до моментот на поднесување на апликација до Фондот, да не поминале повеќе од шест години. Годишните приходи на претрпијатието да не надминуваат 500 илјади евра во денарска противвредност, според финансиските извештаи за претходните две фискални години, односно 2019 и 2020 година. Претпријатие чии производи не се комерцијално достапни за продажба во ланците на маерките од земјата и странство, појаснува Петров.

Слични содржини