Фон дер Лејен: Испораките на гас од САД се клучни за снабдување на Европа

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лeјен и претседателот на САД, Џозеф Бајден, денеска изјавија дека Брисел и Вашингтон работат на ставање крај на зависноста на ЕУ од руската енергија и повторија дека Русија продолжува да користи „природен гас како политичко и економско оружје“.

„Додека Русија го прекина снабдувањето со природен гас за неколку земји-членки на ЕУ, САД и другите производители ги зголемија своите испораки. Од март, глобалниот извоз на ЛНГ во Европа се зголеми за 75 отсто во споредба со 2021 година, додека извозот на американскиот ЛНГ во Европа е речиси тројно зголемен“, наведоа Фон дер Лејен и Бајден во заедничката изјава.

Претседателката на Европската комисија наведува дека САД се „клучен партнер“ за одржлива диверзификација на снабдувањето со гас во овој регион и во другите земји-членки на ЕУ.

Слични содржини