Фон дер Лeјен: За одобрување на Спутник V недостигаат валидни податоци

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, смета дека Европа е добро подготвена за можна администрација на третата доза од вакцината против коронавирус и посочува дека недостасуваат валидни податоци за одобрување на руската вакцина Спутник V.

– Нарачавме 1,8 милијарди дози од Бајонтек-Фајзер до 2023 година. Тоа е најголемата нарачка во светот и е доволно за можна трета доза во ЕУ, како и адаптација на новите видови – објасни Фон дер Лејен за германската медиумска мрежа РНД.

Кога станува збор за одобрување на руската вакцина Спутник V од Европската агенција за лекови (ЕМА), посочува дека овој процес е се уште неизвесен.

– Досега, производителот не можеше да достави доволно валидни податоци за да ја докаже безбедноста на вакцината – објасни таа, додавајќи дека ова покренува голем број прашања.

Слични содржини