Анализата  потсетува дека за помалку од еден месец, односно на 21 ноември ќе бидат одбележани 20 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, со кој беше ставен крај на војната во БиХ и беше втемелено државното уредување на земјата. Во меѓувреме со години БиХ покажувала неефикасност во својата политика на која најмногу влијае сепаратистичкото однесување на политичкото раководство на помалиот ентитет, Република Српска.Причината за загриженост во врска со политичката криза во БиХ странските аналитичари ја гледаат во најавениот референдум за Судот и Обвинителството, кој претседателот на РС Милорад Додик веќе го најави, а Собрание на РС го поддржа.

На референдумот би се поставило прашањето: „Дали го поддржувате неуставното и неовластеното наметнување на закони од страна на високиот претставник во БиХ, а посебно наметантите законите за Судот и Обвинителството и нивната имплементација на подрачјето на РС?“.

Во текстот се нагласува дека многумина сметаат оти одржувањето на тој референдум би го поништил досегашниот напредок на БиХ и дека на Додик, како претседател на РС би му била отворена вратата за евентуален пат за прогласување независност на РС.

Додик претходно најави дека во 2018 година би можел да се одржи референдум за независност.

– Важно е да се нагласи дека Русија ги поддржува сите одлуки и намери кои се преземени со цел организирање на референдумот, а тоа го потврди и рускиот амбасадор во БиХ, Петр Иванцов, кој истакна дека одржувањето на референдумот е внатрешна работа на БиХ, пишува „Форин полиси“.

Освен тоа Русија во јули стави вето на одлуката на Советот за безбедност на ОН за усвојување на резолуција за Сребреница.

– Сега се поставува прашањето дали Русија воопшто го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ, нагласува списанието.

Во написот се вели дека голем број меѓународни функционери во БиХ изразиле загриженост од најавите за одржување на референдумот во РС за Судот и Обвинителството.

Седум од осум амбасадори во БиХ, кои го сочинуваат Управниот одбор за имплементација на мирот нагласија дека одржувањето на референдумот е кршење на Дејтонскиот договор. Тоа го истакна и високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко во извештајот до Советот за безбедност на ОН.

„Форин полиси“ предупредува дека поради целата оваа ситуација САД мораат да преземат поголеми ангажмани за да го спречат дестабилизирањето на Балканот, со посебен акцент на улогата на Русија. , заклучува „Форин полиси“.

Слични содржини