ФОТО: Антартикот-инспирација за новите дела на Илина Арсова

од Ивана Рамаданова
704 прегледи

Прекрасно е чувството да ја достигнеш целта – да се искачиш на врвот на планината Винсон на Антарктикот, пред сè, заради самиот себе, но уште повеќе кога со тоа ќе предизвикаш гордост кај целата своја нација. Ова беа зборовите на нашата храбра Илина Арсова по повод нејзиното искачување на врвот на 27 декември минатата година.

Илина Арсова која по професија е сликар, белините на Винсон, како што вети, ќе ги преточи во слики. Таа на својата фан страна на фејсбук објави неколку нови ликовни дела, за кои инспирација црпеше токму од последното искачување на врвот Винсон на Антартикот.

Арсова истакна дека сега е под голема мотивација и инспирација од Антартикот и прави нов циклус на дела

„Изгледа дека Антартикот бил прилично нспиративен“, напиша Илина на својата фан страна.

Арсова е првата Македонка која успеа да ги искачи сите највисоки седум врва на седумте континенти на планетата Земја. Со ова, таа го комплетира и проектот на Федерацијата на планинарските спортови на Македонија (ФПСМ) и Агенцијата за млади и спорт, „Седум врвови“.

И.Р.

Слични содржини