(ФОТО) Астронаути испуштија торба со алати, може да се види од Земјата

од Nikola Popovski

Секој што имал прилика да ги поправа работите низ својот дом, може да му се случи да му се испушти чеканот или штрафцигерот или да му падне целата торбата со алати.

Меѓутоа, кога поправате нешто во вселената, тоа значи дека можете да се збогувате со алатите, иако ќе забавувате некои астрономи кои ќе забележат чуден објект, пренесуваат западните агенции.

„Месечина, Марс, Сатурн, торба со алат, Јупитер… Чекај, чекај. Што беше тоа?“, најверојатно ќе биде реакцијата на астрономите кога во иднина ќе го погледнат небото и ќе видат чудна торба која орбитира околу Земјата.

Причината се Јасмин Могбели и Морал О’Хара, кои на 1-ви ноември ја напуштиле Меѓународната вселенска станица за да поправат, кога им испаднала торбата со алати.

Двајцата го поправале механизмот што им овозможува на соларните панели да ја следат положбата на Сонцето и да се свртат кон него.

„За време на поправката е изгубена една торба со алат. Торбата е забележана со помош на надворешни камери, но бидејќи е оценето дека не претставува ризик за станицата, најверојатно ќе „плута“ во вселената и заедно со станицата ќе ротира околу Земјата“, соопштија од НАСА.

Белата торба е изненадувачки светкава и набљудувачите ќе можат да ја забележат дури и со двоглед. Нејзината визуелна магнитуда е шест, што ја прави малку помалку светла од Уран.

За да ја забележат торбата, набљудувачите треба да ја пронајдат Меѓународната станица, третиот најсветкав објект на ноќното небо. Торбата ќе се движи две до четири минути пред станицата.

Слични содржини