(ФОТО) Дали анкетите на МТВ се дел од оперативен план на ВМРО-ДПМНЕ?

од Vladimir Zorba

Пред почетокот на кампањите за овогодинешните двојни избори, предизборен скандал ја тресе опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Со оперативен план донесен од републичкиот изборен штаб на партијата, потпишан Луке Галевски, Марија Андоновска, Ивица Грамбозов и Зоран Ставрески, ВМРО-ДПМНЕ креирало пропаганден план за пласирање на лажни вести и дебати со тројца проопозициски претставници на јавниот сервис МТВ.

Посебниот пропаганда план е спроведен на МТВ со помош на директорот, Марјан Цветковски и предвидува емисија два пати неделно, со анализирање на анкети од ИПИС на Владимир Божиновски. Овој оперативен план на ВМРО-ДПМНЕ бил донесен на 5 декември минатата година, а од 31 јануари оваа година започна емисијата „Објектив“ во нов формат.

Според планот, во емисијата ќе се повикуваат по три проопозициски аналитичари и еден кој би ја бранел власта. Дополнително во планот е назначено и лице за креирање на лажни вести.

Според документот кој го објави „PortaliX“, за услугата за лажните анкети, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ треба да ја реализираат својата обврска кон Владимир Божиновски, добивајќи општински тендери.

Слични содржини