ФОТО: Денешните протести во Црна Гора најмасовни досега

од Aleksandar Todeski

Продолжија протестите во повеќе градови во Црна Гора кои почнаа на крајот на декември, а поради потпишувањето на Законот за слобода на вероисповест од страна на претседателот Мило Ѓукановиќ.

Според црногорскиот портал Вијести, денешниот протест бил најмасовен. На протестот се собрале граѓани во редица долга три километри, а како што пренесува порталот, бројката на мирни демонстранти од ден на ден е се поголема.

Првите протести во Црна Гора ескалираа, кога демонстрантите фрлаа со камења кон полицијата, а тие возвратија со солзавец. Граѓаните велат дека ќе продолжат да протестираат додека не се повлече Законот кој според нив е контроверзен.

Фото: Вијести.ме

Слични содржини