ФОТО: Ешли Греам позираше целосно гола

од Stefanija Kuzmanovska

Манекенката Ешли Греам важи за еден од најпопуларните „плус сајз“ модели. Таа со денови е во центарот на вниманието на светската јавност откако на Оскарите се појави во предизвикувачки креации кои беа цел на бројни коментари.

Ешли Греам продолжи да ги шокира сите кои ја следат нејзината работа, а сега отиде чекор понатаму и повторно стана главна тема на медиумите ширум светот.

Имено, Ешли позирала целосно гола, додека со чанта ја покрила својата интимна област, а со рацете градите.

Греам гордо го покажува своето тело и не се срами од вишокот килограми, па често им испраќа порака на девојките да го прифатат и сакаат својот изглед.

Слични содржини