ФОТО: Го освои светот како познатата Жаде, денеска има 47 години и се уште освојува со убавината

од Stefanija Kuzmanovska

Бразилската актерка Џована Антонели ѝ стана позната на пошироката публика на почетокот на 2000-тите кога ја играше Жаде во серијата „Клон“.

Таа тогаш со својата убавина шармираше многумина, а особено впечатливи беа нејзините очи кои често ги истакнуваше со силна шминка.

Приказната за тврдоглавата муслиманка која „излегуваше“ од рамката и се спротивстави на сето она што ѝ го наметнува нејзината култура, ја обожаваше речиси цел свет.

Џована е родена на 18 март 1976 година, а дебитираше како актерка во 1994 година.

На снимањето на серијата „Клон“ се вљубила во Муриљо Бенисио, кој ја глумел нејзината „забранета љубов“ Лукас. Тие двајца беа еден од најпопуларните парови во светот на славните.

Тие го добија синот Пјетр во 2005 година, но разделбата следеше само неколку месеци подоцна.

Џована и Муриљо се разделиле претходно, во 2004 година, но потоа се смириле и добиле дете. Но, подоцна одлучиле дефинитивно да стават крај на нивната љубовна приказна, а како што тогаш пишуваа медиумите, не се разделиле во пријателски односи и упатиле бројни обвинувања еден против друг.

Слични содржини