ФОТО: Легендарна манекенка објави жешки фотографии во долна облека

од Stefanija Kuzmanovska

Хелена Кристенсен (53), се прослави во 80-тите и беше еден од оригиналните супермодели, а денес, во шестата деценија од животот, нејзиниот изглед не престанува да предизвикува восхит.

Таа беше една од најпопуларните и најуспешните манекенки на сите времиња, а судејќи по новите објави на Инстаграм, оваа убавица нема намера да престане да се занимава со манекенство.

Кристенсен ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм со фотографии на кои позира во предизвикувачка долна облека, и ја покажа својата беспрекорна фигура. Како што напиша таа, фотографиите се направени на најтоплиот ден некогаш забележан во историјата на Англија.

Фотографијата ја лајкнале повеќе од 30.000 луѓе, а нејзините следбеници во коментарите напишале дека ги инспирирала со својот изглед и дека е убава жена.

Слични содржини