ФОТО: Метју Меконахи објави фотографија на која е ЦЕЛОСНО ГОЛ

од Stefanija Kuzmanovska

Покрај талентот и улогите кои го лансираа на самиот врв на светската актерска сцена, Метју Меконахи поради неговиот физички изглед го обожаваат жените ширум светот, а сега сите ги почести со една од своите провокативни фотографии.

Имено, актерот објави своја потполно гола слика, создадена во моментот кога популарниот актер го отварал фрижидерот, со што избезуми бројни припаднички на понежниот пол, па коментарите под фотографијата само се нижеа.

Фотографијата сепак е исечена така што не се гледаат најинтимните делови од телото на Метју, но сцената е вредна за внимание.

„Жешкоо“, „Посакувам јас да ја сликав оваа фотографија“, „Кој ја исече оваа фотографија?“, „Штета што не те гледаме во целост“, „Колку е привлечен овој човек“, се само дел од коментарите.

Слични содржини