(ФОТО) Натали Портман на прошетка со малата Амалија

од Vladimir Zorba

По раѓањето на второто бебе, Натали Портман одлучи да ја напушти својата работа некое време и да обрне внимание на нејзината новородена ќерка, Амалија.

Актерката не се скри, а фотографите дури и успеаа да ја фатат додека го посетува музејот во Њујорк. Ѕвездата, со бебето што спиеше во рацете, нежно со другите посетители ги гледаше експозициите, пишува OK Magazine.

Понекогаш нејзината мајка ѝ помага да се справи со домашните задачи. Фотографиите успеале да ја фатат Портман и нејзината ќерка повторно за време на една од нејзините прошетки низ улиците на Лос Анџелес.

Фановите на актерката забележуваат дека за релативно кратко време таа ја вратила нејзината прекрасна физичка форма.

Слични содржини