Насликан е меѓу 1482 и 1485 година.

Во Париз случајно е пронајдена цртеж на генијалниот Леонардо да Винчи, која се проценува дека вредиа 15 милиони евра. Како што пишува The Telegraph, доктор-пензионер кој посакал да остане анонимен, пред неколку месеци однел во аукциската куќа Tajan неколку цртежи, кои му припаѓале на неговиот татко, а живеел во централна Франција. Меѓу 15-те цртежи, соработникот на аукциската куќа Теди Прат забележал слика приврзан човек кон дрво, свети Себастијан.
Како што забележува весникот, цртежот е направен со мастило (вид густо црно мастило и се користи за сликање и цртање, кое што треба да биде брзо). Експертизата покажала дека таа е дело на Леонардо да Винчи и е насликана од него меѓу 1482 и 1485 година.
