ФОТО: Пејачот на групата „Манескин“ го промени имиџот и позираше целосно гол

од Stefanija Kuzmanovska

Групата „Манескин“ ја воодушеви публиката на Евровизија 2021 година и триумфираше со песната „Zitti e buoni“.

Тие стекнаа огромна популарност, а особено се истакна пејачот Дамијано кој ги освои срцата на бројни жени.

Дамијано успеа да ги изненади и често ги шокира сите со своите смели и предизвикувачки стајлинзи.

Меѓутоа, сега неговата нова објава на Инстаграм привлече посебно внимание, откако пејачот го промени имиџот. Имено, тој ја скрати косата и се офарбал плав, а позираше гол.

„Турнејата заврши и тоа значи дека цел ден ќе бидам гол и ќе пушам џоинт“, напиша Дамијано покрај фотографијата.

И додека на многумина им се допаѓа новото издание на пејачот, има и такви кои се на мислење дека претходно изгледал подобро, а доби и критики поради позирањето со џоинт.

Слични содржини