ФОТО: Поради овие гламурозни стајлинзи, Блејк Лајвли ја споредуваат со принцези на Дизни

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Блејк Лајвли важи за една од жените со најдобар стил во светот.

Таа редовно привлекува внимание со својот стајлинг, а често го одзема здивот со фустаните на црвениот тепих.

Без разлика дали се работи за свеченост или „опуштена“ верзија – Блејк едноставно не може да погреши.

Така, таа со изборот на гардероба во неколку наврати ги потсети бројните фанови на хероините на Дизни.

Тие на социјалните мрежи ја споредија актерката со Пепелашка, Снежана, Елса, Бела, Ариел и други и коментираа дека Блејк во секоја ситуација зрачи со гламур на принцеза.

Слични содржини