ФОТО: Се породи Дилета Леота, познат полот на бебето

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата италијанска спортска новинарка Дилета Леота се породи во средата и на свет донесе ќерка.

Таа и нејзиниот невенчан сопруг, поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус, станаа родители на девојче по име Арија.

„Денес повторно се родив преку тебе. Добредојде, Арија. Ти си најдобриот подарок што можевме да го побараме“, наведе спортската новинарка, а на фотографиите може да се види како го држи бебето во раце додека германскиот фудбалер ја бакнува на челото.

Германскиот голман и познато ТВ лице за првпат беа видени во јавноста во октомври 2022 година.

Слични содржини