(ФОТО) Скандал поради лого од камасутра наменето за Светското шаховско првенство во Лондон 2018 година

од desk4
110 прегледи

Логото, кое беше развиено од дизајнерското московско студио „Шчука предизвика бран критики од спортисти и корисници на интернет.

Логото на Светското шаховско првенство, кое ќе се одржи во Лондон во 2018 година, се појави на официјалната веб-страница на ФИДЕ.

Во него се прикажани две лица кои седат едни спроти други, држејќи шаховска табла со испреплетени нозете.

Спортистите и љубителите на шах се незадоволни од логото. Во него забележаа позиција од камасутра. Австралиски велемајстор, исто така, реагираше на сликата и тоа го објави на социјалните мрежи. Ова е официјално лого на Светското првенство во шах, и не, тоа не е шега, изјави Дејвид Смердон на својот твит.

Унгарската шахистка Сузан Полгар, исто така, го коментираше логото на Твитер. Логото на Светското првенство, 2018 година, дали е можно ваквите работи да им се покажат на децата? Самата Светска Федерација тврди дека логото е спортски и модерно.