ФОТО: Вештачката интелигенција покажа како ќе изгледаат Шарлот и Џорџ кога ќе пораснат

од Stefanija Kuzmanovska

Наследниците на принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон, Шарлот и Џорџ го привлекуваат вниманието на јавноста уште од самото раѓање, а многумина ги интересира како ќе изгледаат за десет години.

Иако со години се коментира дека принцезата Шарлот има неодолива сличност со нејзината баба Елизабета Втора, судејќи според проценките на вештачката интелигенција, таа во иднина многу би можела да личи на својата мајка Кејт.

Од друга страна, принцот Џорџ не е големо изненадување. Ова десетгодишно момче од раѓање личи на својот татко, а се очекува нивната сличност само да се зголемува со годините.

Да потсетиме, покрај Шарлот и Џорџ, кралската двојка го има и синот Луис, кој стана миленик на социјалните мрежи поради неговото палаво однесување.

Слични содржини