(ФОТОГРАФИИ) Дали го препознавате овој пилот – ова е највисокото официјално лице на една држава кој денес летал на Ф-16?!

од desk4
132 прегледи

Премиерот Алексис Ципрас денеска попладне леташе на воен авион F-16, за време на посетата на 110-тат воена единица на Грчките воздухопловни сили во Лариса, во централна Грција.

Летот траел 1 час и за тоа време бил над Халкидики, Атон, Лимнос, Агиос Ефстратиос и Скирос.

Ципрас им се придружи на воздухопловните лидерски сили за време на посетата, каде се сретна со воени старешини и пилоти и притоа им се заблагодари за службата со зборовите вие нема да го направите сето ова, ако не чувствувате искрена љубов и гордост кон својата земја.

Ципрас го опиша летот како еден од највисоките моменти од неговиот живот.