Фотографијата поради која сите мислат дека Адријана Лима ставила силикони

од Vladimir Zorba

Адријана Лима утре ќе биде специјална гостинка на модна манифестација во Абу Даби, а со новата фотографија во бикини, таа веќе го сврте целото внимание кон себе.

Адријана Лима е пример за зачудувачка природна убавина, а нејзината кариера како еден од најубавите ангели на Викторија е сон на сите модели. Сепак, само една фотографија успеа да ги разгори гласините дека не е сè „природно“, па ниту во Лима.

Славната манекенка на својот профил на Инстаграм објави фотографија во костум за капење, при што дојдоа до израз градите.

View this post on Instagram

🌹SUMMER MOOD🌹

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima) on

И додека нејзините следбеници ја „преплавија“ со комплименти и предвидуваат „рушење на Интернет“ поради толку многу сексапил, некои медиуми од минатата година ископаа фотографии од плажа, со цел да ги приложат како доказ дека Лима во меѓувреме ги „напумпала“ градите.

Како и да е, забораваат дека фотографиите знаат да излажат, дека сè зависи од аголот и позирањето, а Адријана сепак е професионална во својата работа и покажува точно што сака.

Ова не е првпат „хејтерите“ да бараат нешто „вештачко“ на совршената фигура на поранешната манекенка.

Пред околу десет години, во истражувањето спроведено од експерти за пластична хирургија на интернет порталот „Make Me Heal“, тие заклучиле дека Лима „скоро сигурно ги зголемила градите“.

Адријана не се огласи на таа тема, а веројатно нема ниту овој пат, а обожавателите можат да кажат само дека изгледа одлично.

Слични содржини