Франција и Ирак потпишаа стратешки економски договори, особено енергетски

од Radmila Tasevska

Францускиот претседател Емануел Макрон и ирачкиот премиер Мохамед Ши ал-Судани потпишаа сет стратешки договори со цел да се поттикне економската соработка меѓу Франција и Ирак, особено во областа на енергетиката и јавниот транспорт, соопшти денес Елисејската палата.

Во четвртокот Франција и Ирак потпишаа договор за соработка меѓу двете земји во борбата против корупцијата, безбедносниот сектор, обновливите извори на енергија и културата, објави Ројтерс.

Макрон и Ал Судани ја повторија својата посветеност за завршување на големите мрежни инфраструктурни проекти во Ирак со помош на француски експерти, како и спроведувањето на проектот на француската нафтена компанија „Тотал енерџи“ врз основа на инвестиции во соларна и гасна енергија, се вели во соопштението.

Ројтерс претходно оваа недела објави дека Катар е во преговори да купи од „Тотал енерџи“ удел во енергетските проекти во Ирак во вредност од 27 милијарди долари.

Во 2021 година, Ирак и француската компанија потпишаа договор за изградба на четири огромни проекти за соларна енергија, гас, електрична енергија и вода во јужен Ирак во следните 25 години.

Слични содржини