Француската десница нема да гласа за Урсула фон дер Лајен за втор мандат на чело на ЕК

од Radmila Tasevska

Француските пратеници во Европскиот парламент (ЕП) од десничарската партија „Републиканци“ (Les Republicains) кои ќе бидат избрани во јуни, нема да гласаат за вториот мандат на Урсула фон дер Лејен на чело на Европската комисија, дури и таа да е кандидат на нивната пратеничка група на Европската народна партија (ЕПП), соопшти денеска таа партија.

„Нема да ја поддржиме на изборите, бидејќи сметаме дека нејзините резултати не се во согласност со она што денес го очекува Европа“, изјави претставникот на „Републиканците“ Франсоа-Кзавиер Белами за радиото Франс Интер.

Урсула фон дер Лајен, која вчера најави дека ќе се кандидира за втор мандат, на почетокот на март треба да биде именувана за кандидат на ЕПП, чиј член е и француската партија „Републиканци“.

Слични содржини