Францускиот амбасадор во Нигер се врати во Париз

од Radmila Tasevska

Францускиот амбасадор во Нигер, Силвен Ите, чие заминување од земјата го бараше владејачката хунта во Ниамеј од крајот на август, пристигна денеска во Париз, соопшти француското Министерство за надворешни работи, цитирано од француските медиуми.

Првиот дипломат на Франција, Кетрин Колона, го прими во Министерството за надворешни работи „за да му се заблагодари за неговите постапки и за делата на неговиот тим во служба на земјата, во тешки услови“, се вели во соопштението на Министерството.

Нигериската хунта нареди протерување на францускиот дипломат и му го укина дипломатскиот имунитет, но Париз досега одбиваше да го отповика.

Слични содржини