Франција: Прв случај на мачка со коронавирус, ја заразил сопственикот

од Nikola Popovski

Франција го објави првиот случај на инфекција на мачка со коронавирусот, која најверојатно е заразена од нејзиниот сопственик, соопшти денеска, парискиот Институт за ветеринарство (ЕНВА), кој препорача заразените сопственици да одржуваат физичко растојание од своите миленици.

„ЕНВА, националната агенција за санитарната безбедност на храна и животна средина и Институтот „Пастер“ го регистрираа првиот случај на мачка заразена со коронавирус во Франција“, се вели во соопштението.

Ветеринарниот институт тестирал десетина мачки чии сопственици биле заразени во поширокото подрачје во Париз. Една од тестираните мачки е позитивна и имала респираторни и дигестивни проблеми.

„Според сегашните научни сознанија, мачките не можат лесно да се заразат со коронавирус, дури и кога нивните сопственици се заразени“, велат од Институтот, потсетувајќи дека четири мачки се заразени ширум светот.

Многу истражувачи проценуваат дека засега не постои врска дека миленичињата се можни носители на вирусот кај луѓето или другите животни.

Сепак, на сопствениците на миленичиња им се советува да не ги пуштаат навор, така што животните би избегнале контакт со други лица и животни. Се препорачува физичко растојание со домашните миленици, исто како и со луѓето.

Слични содржини