Ален Робер ја освои кулата „Salesforce“, висока 230 метри во Лондон, а тој уште еднаш докажа дека не случајно го нарекува „францускиот човек-пајак“.

Робер го започна својот пат кон врвот на 25-ти октомври. Малку подоцна зградата беше опколена од страна на полицијата. Сепак, ова на ниту еден начин не го спречи екстремниот алпинист кој продолжи да се качува по фасадата на зградата.
Околу еден час подоцна, Робер веќе беше на врвот, поздравувајќи ги луѓето што се насобраа да го видат.
Се верува дека човекот можеби се качил на облакодерот како дел од рекламна кампања на производител на алкохол.