ФЗО го одбилo барањето на Леонид да се лекува во Виена, тврдат дека може да се лечи во Македонија

од Nikola Popovski

Фондот за здравство изненадувачки го одбил барањето на младиот Леонид Индов за лекување во странство. Ова следува откако пред две недели тој беше првиот пациент кој беше испратен на лекување во Виена со камери и специјален хеликоптер.

-Откако претставници на државни институции се испофалија дека младиот Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, следува шок за него и семејството. Фондот за здравство и покрај конзилијарното мислење дека лицето мора да се лекува во странство, носи решение со кое се одбива барањето, објави заменик народниот правобранител, Јован Андоновски, додавајќи дека државата си игра со човечки живот и побара ФЗО да ја преиспита одлуката.

Андоновски истакнува дека во решението воопшто не се наведува која установа ја нуди потребната услуга, туку само дека лекувањето е можно во Македонија.

Леонид Индов минатото лето доживеа тешка несреќа на летување во Грција, при што го повреди третиот, четвртиот и петтиот пршлен, па дише на респиратор и не може да ги движи екстремитетите. За него во неколку наврати се собираа донации за да може да се извршат потребните операции во Солун, но и за да го продолжи лекувањето.

Слични содржини