ФЗОМ во штрајк од понеделник, на шалтерите само по еден вработен

од Nikola Popovski

Од понеделник 05.02, синдикатот на УПОЗ при Фондот за здравствено осигурување стапува во штрајк. Според нив, сите подрачни единици на фондот ќе штрајкуваат и ќе ги извршуваат само неопходните работни задачи.

Наведуваат дека само еден вработен во подрачните единици ќе биде задолжен за прием на документи.

-Вработените се заблагодарија за досегашната поддршка и разбирање на граѓаните и лекарите, кои ги поддржуваат вработените во нивните барања и се на страната на работниците во ФЗОМ и имаат разбирање за нивниот проблем со платите, велат од Синдикатот на УПОЗ.

По тој повод најавија прес-конференција за в понеделник во 11:30 пред просториите на Фондот.

Вработените во ФЗОМ остануваат на барањето платите годинава да им бидат во висина на декемвриската плата од 2023 година, односно со утврденото зголемување од 15 отсто. Според претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деановски, ако продолжи исплаќањето на зголемената плата нема да има никаков проблем, ниту ќе има штрајк.

Буџетот на ФЗО е над 46 милијарда денари и од него за плати се издвојуваат 1,19 проценти.

Слични содржини