Г7 ја разгледува можноста за намалување на горната граница на цената на руската нафта

од Симе Стоиков

Групата седум (Г7) ја разгледува можноста за намалување на горната граница на цената на руската нафта, потврди американскиот помошник државен секретар за енергетски ресурси Џефри Пјат.

„Краткиот одговор е да“, рече Пајат на директно прашање на агенцијата ТАСС.

Според неговите зборови, Соединетите Американски Држави и нивните партнери „посветено работат да се намали на Русија приход од продажба на енергетски производи“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно во март изјави дека намалувањето на горната граница на цената на руската нафта на 30 долари за барел ќе има сериозни економски последици за САД, пренесува Комерсант.

Лавров тогаш рече дека Москва се надева дека Вашингтон нема да донесе таква одлука.

Ограничувањето на цената на руската нафта до максимум 60 долари за барел беше воведено во декември 2022 година од страна на земјите од Г7, Европската унија и Австралија.

Слични содржини