Г7 му порача на Иран: Не испраќајте ракети во Русија

од Симе Стоиков
294 прегледи

Групата Г7 денеска му порача на Иран да не испорачува балистички ракети на Русија, за да ги користи во војната против Украина, предупредувајќи дека ќе преземе соодветни мерки против Техеран доколку го стори тоа.

Неименувани извори за Ројтерс минатиот месец изјавија дека Иран и дал на Русија голем број балистички ракети земја-земја, со што се продлабочува воената соработка меѓу двете земји, кои се под санкции.

Во соопштението на Г7 не се наведува дали се верува дека Русија веќе ги примила иранските ракети, што, според Ројтерс, укажува дека Техеран сè уште ја разгледува можноста.

„Длабоко сме загрижени поради извештаите дека Иран размислува за трансфер на балистички ракети и слична технологија. Го повикуваме Иран да не го прави тоа, бидејќи тоа дополнително ќе го дестабилизира регионот и ќе претставува ескалација во поддршка на руската војна во Украина“, нагласи Г7, додавајќи дека Техеран веќе испратил дронови во Русија кои биле користени против цивили.

Слични содржини