Гага со шокантна исповед: Тоа беше брутално искуство

По поводот шестиот студиски албум и излегување на новиот сингл Stupid Love, Леди Гага се вклучила дирекно во радио емисијата на една станица во Нов Зеланд.

За време на интервјуто, пејачката зборувала за тоа како веќе подолго време не е пушач и како таа промена во нејзиниот живот била многу тешка.

„Повеќе не пушам, но пушев по 40 цигари дневно“, рекла поп ѕвездата.

Откако водителот ѝ честиташе на упорноста пејачката рекла дека оставањето на цигарите било „многу тешко искуство“.

„Доколку не пушите, немојте да почнувате со тоа, бидејќи оставањето на цигарите е ужасна работа“, рекла Гага.

Претходно неделава, пејачката го објави својот прв сингл од долгоочекуваниот шести студиски албум.

Ниту датумот на излегување, ниту насловот на албумот не се објавени.

Слични содржини