Братучетка на Џиџи и Бела Хадид има амбиции да се проба во светот на модата. 19-годишната Џоан ван дер Херик е ќерка на чичкото на ѕвездени сестри и е силно мотивирана да стане популарна како нив. Русокосата веќе има неколку сериозни договори и обврски на подиумот. “Секогаш сум сакала да бидам модел, но не сфаќав дека можам да се реализирам добро поради големината на облеката што ја носам”, изјави таа. Џоан верува дека секое тело е убаво. Значи таа ги задржи нејзините фотографии и не сака да ја трансформираат со Photoshop.
“Не сакам да ја сокријам мојата “грда”страна. Се обидувам почесто да го покажувам тоа затоа што го прифатив “, вели таа. Џоан ги повикува своите врсници да се облекуваат во она што им се допаѓа, да јадат работи што им се допаѓаат, а најмногу да се сакаат самите.