Веќе десетина дена Холивуд влезе во својот годишна наградувачка сезона. Откако наградите “Златен глобус” беа доделени минатиот викенд, а пред неколку дена и номинациите за “Оскар” беа објавени, вчера во Санта Моника, Калифорнија се одржа 21-тата церемонија “Critics ‘Choice Awards” (Изборот на критичарите).c4e2b4c391e4f9b90173356f5431b347

Најгламурозните ѕвезди на настанот дефинитивно беа моделот Роузи Хантингтон-Вајтли и акционата ѕвезда Џејсон Стејтам.

Двајцата се верија само пред неколку дена и се гледа дека се вљубени и посреќни од кога било.

Меѓу другите познати личности кои ги воодушевија своите фанови и новинарите со облека беа наградените актерки Рејчел Макадамс, Кирстен Данст и Алиша Викандер.

Сопружниците Џенифер Анистон и Џастин Теру исто емитуваа среќа и сјај од црвениот тепих. Меѓу ѕвездите-икони на Холивуд, кои покажаа најелегантен изглед беа Шерон Стоун и Хелен Мирен.

Видете ги фотографиите од наградите во Холивуд во нашата галерија!

 

Слични содржини