Знаете ли дека кучето на Лејди Гага – францускиот булдог мис Азија Кини, си има свои профили на Instagram и на Twitter?0c88be2e15fab674859906bfc1925699

29-годишната поп ѕвезда не е единствената од светот на шоу-бизнисот, која е опседната од своја четириножно милениче.

Такви се и дизајнерите Карл Лагерфелд и Марк Џејкобс, актерите Хју Џекмен, Чанинг Тејтум и Аманда Сејфрид, пејачката Мајли Сајрус и т. н.

Само пред неколку дена стана јасно дека црната Азија стана рекламно лице на луксузните чанти Coach.

Кучето на Лејди Гага е снимено во серија од фотографии, дело на Стивен Мејзел.

“Толку сум горда со мис Азија! Таа е ѕвезда пред камерата. И двете сме толку возбудени дека култниот Стивен Мејзел ја снима за кампањата на Coach! Го сакам фактот дека мојот најдобар пријател е ѕвезда “, напиша пејачката на социјалната мрежа.

Видете во галеријата кои се ѕвездите од шоу-бизнисот, кои редовно споделуваат фотографии од домашни миленици во социјалните мрежи.

 

Слични содржини