Кристина Аплгејт ги отвори вратите на својот дом во Лос Анџелес, кој неодамна претрпе голем ремонт.2f1e7d9b4af843db99f200d092d5b8e6

Актерката, која стана позната по улогата во серијата “Која е Саманта?” се сврте кон онлајн платформата за внатрешен дизајн Laurel & Wolf и нејзините дизајнери, кои ѝ помогнале да го трансформира овој простор.

Аплгејт вели дека сè започнало од кујната, која ѝ се видела тесна, темна и грда.

Потоа таа одлучила да ја промени целата естетика во куќата, па атмосферата да стане посветла, модерна и весела.

44-годишната Кристина живее во овој дом доста години, а во почетокот се населува со првиот сопруг Џонатан Шајек, а сега живее со својот втор маж Мартин Ленобол и 4-годишната ќерка Сади.

Видете ги сликите на домот на Кристина во галеријата.

Слични содржини