ГАЛЕРИЈА: Граѓаните од своите домови со свеќа во рака, точно на полноќ го прославија Велигден

од Берта Китинска
215 прегледи

Православните верници го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Граѓаните ги испочитуваа националните препораки и ноќеска во своите домови и на балконите, со свеќа во рака, точно на полноќ го прославија Велигден.

Христос Воскресе однекнуваше од македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ , каде се одржа свечената литургија на која присуствуваа поповите.

Низ  населбите и маала, се слушаа честитките но и желбата што побрзо, и насекаде да заврши пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Соборен Храм
Соборен Храм
Соборен Храм
Соборен Храм
Соборен Храм
Соборен Храм
Соборен Храм
Соборен Храм

Фото: Борче Поповски

Слични содржини